На Инфективна четири пациенти во тешка состојба поради компликации од морбили

Освен 16-годишната пациентка која е со церебрална парализа со пневмонија како компликација од морбили и е на механичка вентилација на Универзитетската клиника за инфективни болести, уште едно дете и двајца возрасни се во тешка состојба, информираат од оваа јавна здравствена установа.

Во изминатите 24 часа се прегледани девет пациенти и сите се хоспитализирани. Станува збор за  две лица на возраст од 31 година од Бутел и од Тетово, 40-годишник од Сарај, 49-годишник од Чучер Сандево и 29-годишник од Струга, сите невакцинирани, 36-годишник од Бутел со непознат вакцинален статус, како и четиримесечно бебе од Сингелик, 11-месечно бебе од Гостивар и 2,5 годишно дете од Сопиште, сите невакцинирани.

На Клиниката има 46 пациенти од кои 28 се возрасни и 18 деца. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2019 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега