Мицкоски за метлата на Заев: Да беше во моите раце ќе почнев од главата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Република, вели дека ако Заев имал чесни намери ќе ја напуштел власта и дека е песимест дека метлата на Заев ќе почне да мете од вистинското место – „од главата“.

- Да ја имам таа улога, јас би почнал од првиот човек. Знаете, имаше еден твит на професорката Гордана Силјановска Давкова, којшто е многу вистинит, дека рибата мириса од главата. Она што беше направено од страна на Зоран Заев и оној негов метла поданик, па го видовме после неколку дена во еден скопски ресторан во една по малку вака театрална состојба, е сцена од еден филм. Дури и тоа не е нивно автентично. Дури и тоа е прекопирано и тоа го изведоа така невешто, што јас денеска имам навистина една дилема – која е вистината, пред првиот круг од претседателските избори кога Зоран Заев заедно со овој неговиот 102,5 проценти поданик претседателски кандидат нѐ убедуваа дека блескаме во светот, дека инвестиции летаат, платите, невработеноста се намалува, дека европската иднина ни е на дофат, само милиметри се во прашање, само да го избереме поданикот на Заев и веќе сме во Европа, или сега овој Зоран Заев кој вели, еве во ред сфативме дека работата не ја бива и сега ќе игра метлата. Вистината е многу јасна – и првиот пат манипулира и многу лаже, и вториот пат манипулира и лаже, зашто единствената цел е што подолго да останат на нивните позиции за пусти пари и пуста моќ. Ниту имаат намера нешто да поработат, ниту имаат потенцијал нешто да променат. Така што, народот, најпрво на 5 мај ќе им ја покаже метлата на Зоран Заев и овој негов поданик кандидат за претседател, а потоа и на предвремените парламентарни избори конечно ќе завршиме со овој тип на политички измамници, вели Мицкоски за Република.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2019 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега