Попоски на меѓународен форум во Дубровник

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на 3. и 4. октомври ќе учествува на Croatia Forum 2013-та, на тема „Европска енергетска безбедност“, што ќе се одржи во Дубровник, Република Хрватска, информираат од Министерството за надворешни работи.

-Традиционалниот годишен Форум оваа година ќе се фокусира на енергетскиот сектор, кој има сѐ поголема улога во дефинирањето на политиката во 21-от век. Стабилни, сигурни и одржливи извори на енергија се клучни за стабилноста на Европа, што е важно и за европската конкурентност со оглед на зголемената потреба за енергија, соопштуваат од македонското МНР.

На форумот, предвидено е министерот Попоски да настапи со свое обраќање, а покрај домаќинот првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни и европски работи Весна Пусиќ,  учество ќе земат министрите за надворешни работи на Шведска, Турција, Унгарија, Латвија, Албанија, Црна Гора, како и други високи претставници од повеќе европски земји.

03.10.2013 - 10:42
Фото: 
mfa.gov.mk

најчитано сега