Пратениците на Златна Зора денеска пред суд

Денеска пратениците на крајнодесничарката партија Златна зора ќе бидат изведени пред суд, пренесе АФП. Тие се теретат  за голем број обвиненија, вклучувајќи убиство и обид за убиство.

Лидерот на златнозорците Никос Михалолиакос, ќе биде изведен на суд во среда.

По убиството кое се случи на 18 септември  во предградие во Атина кога беше убиен музичар со антифашистички ставови, грчката полиција спроведе голема акција против неонацистичката партија.

01.10.2013 - 12:39