Келнерот од ресторанот на Дуле украл телевизор и монитор - еве ги деталите

 

Само една недела по смртта на пејачот од дуото Дуле и Коки, Душан Љубисавлевиќ, неговиот келнер кој за него работел со години го ограбил.

Според информациите од МВР, се работи за 41-годишниот М.Г. кој вчеравечер околу 20 часот со соодветен предмет ја пробил влезната врата од ресторанот "Доменика" и украл еден телевизор и монитор.

Инаку, келнерот за Дуле работел долги години, како во Доменика така и во Балканика.

01.10.2013 - 11:33
Фото: 
Пулс24

најчитано сега