Аргументи против легализација на марихуаната

 

Мит 1: Легализација на марихуаната заради лично поседување.

Факт 1: Личното поседување и конзумирање на марихуана е штетно за другите (неконзументи).

Националниот институт за здравје вели дека 1 на секои 6 адолесценти кои пробуваат дрога ќе развијат зависност. Научниците знаат дека просечната јачина на денешната марихуана е околу пет до шест пати поголема од таа што била во 1960-тите и 1970-тите години. Поради овој факт, во 2008 година имало 400 000 посети на ургентни клиники како резултат на акутни психотични епизоди и автомобилски несреќи поврзани со козумирањето на марихуана. Според Британскиот медицински весник, труењето со марихуана го удвојува ризикот од автомобилска несреќа кај конзументот. Едно истражување во Тенеси открива дека 33 проценти од сите субјекти кои не биле под влијание на алкохол и кои биле тестирани за дроги при нивното апсење, биле позитивни на тестот за марихуана.

Мит 2: Оданочениот профит од легализираната продажба на марихуана ќе донесе огромен финансиски бенефит за државата.

Факт 2: Всушност, легализацијата ќе ја чини државата, односно општеството.

За секој 1 долар на државен приход од даноци на алкохол и тутун, САД трошат повеќе од 10 долари за социјални трошоци. Во 2005 година, за секој собран 1 долар од даночење алкохол и тутун, скоро 14 долари биле потрошени да се компензираат огромните социјални штети предизвикани од нивното конзумирање. Легализацијата ќе придонесе до зголемена употреба и зголемена социјална штета.

Мит 3: Легализираната марихуана како медикамент ќе помогне на болните од канцер, ТХК[1] ќе го намали развојот на тумороидните клетки…

Целиот пост прочитајте го на блогот на L'AMI DU PEUPLE

Категоријата БЛОГЕРАЈ има за цел да ја развива слободната мисла и да ги поттикне читателите својот став да го искажат јавно. Се превземаат главно теми поврзани со политката, социјалата и актуелните настани. 
Редакцијата на Press24 го превзема само воведот на авторот, а за целиот текст читателите ги упатуваме на оригиналниот линк. Редакцијата на Press24 не секогаш ги дели ставовите со оние на авторот на постот.
Сите заинтересирани блогери кои сакаат нивниот пост да биде објавен во оваа рубрика може да го контактираат уредникот на aleksandar@press24.mk

01.10.2013 - 11:06

најчитано сега