Дејвид Бекам заврши во болница: Опериран е

 


Судејќи според Инстаграм сториите објавени од Викторија Бекам, познатиот фудбалер Дејвид Бекам заврши во болница.

Таа сподели две фотографии: на едната лежи во болница со прекрстена рака и насмевка на лицето, а на другата држи нараквица што децата му ја направиле од монистра со натпис: „Тато, оздрави брзо“.

Извор откри за „Дејли Меил“ дека Бекам бил опериран поради проблем со зглобот што го повредил пред 22 години за време на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Јужна Африка во Дурбан во мај 2003 година.

Потоа во зглобот бил вметнат шраф кој требало да се скрши со текот на времето, но не се скршил, што довело до болка и непријатност години подоцна. Поради зголемената болка, Бекам решил да се подложи на операција за конечно да го отстрани шрафот.

Хоспитализацијата на Дејвид не го спречи да објави серија фотографии по повод роденденот на мајка си и да ѝ испрати трогателна честитка:

„Среќен роденден, мамо. Те сакаме многу. Ти благодариме што секогаш си тука за нас. Те сакаме“.

 

Во објавата, тој ги тагна и членовите на семејството – синовите Бруклин, Ромео и Круз и сестрата Џоан, додека додаде хаштаг за најмладата ќерка Харпер, која сè уште нема Инстаграм.

27.06.2025 - 11:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега