Денеска и утре „Сахара Балкански мировен фестивал" во Скопје

Денеска и утре во Скопје ќе се одржи првиот „Сахара балкански мировен фестивал“. 

Фестивалот ќе биде отворен попладне со факел на мирот што низ Скопје ќе го носат македонски јавни личности, додека официјално фестивалот ќе започне со полноќен настан на Камениот мост кој ќе биде обоен во сино. Предвидено е на скопскиот плоштад да настапат индиски танчерски групи и деца од СОС Детското село.

На вториот ден од фестивалот ќе биде одржан добротворен мировен самит на кој ќе бидат дел педесетина светски лидери поранешни претседатели, премиери, министри, амбасадори, холивудски ѕвезди и претставници од балканските земји, меѓу кои и поранешниот британски премиер Тони Блер за кого ова е прва посета на Македонија.

Субрата Рој по повод концертот уште вчера пристигна во Македонија.

Целта на концертот е одбележувањето на роденденот на Махатма Ганди и Меѓународниот ден против насилството.

01.10.2013 - 09:06
Фото: 
МИА

најчитано сега