Кандидатурите на Силјаноска, Пендаровски и Река ќе бидат официјализирани во четврток

Заврши увидот во Избирачкиот список за претстојните претседателски избори.ДИК најдоцна до 19 март го доставува избирачкиот список на увид до партиите, објави Канал 5.

Колку вкупно граѓани ќе можат да гласаат на претседателските избори ќе се знае за десетина дена, кога се очекува да биде заклучен Избирачкиот список. Увидот заврши пред три дена, а според првиот човек на ДИК, Деркоски рекорден број граѓани 53.972 провериле дали ги има во избирачкиот список. На претстојните избори ќе изостанат гласовите од дијаспрата, од каде се пријавиле само 1970 иселеници, што спред Деркоски е значително мал број. За претседателските избори да бидат успешни во вториот изборен круг, мора на гласање да излезат над 40 проценти од запишаните гласачи, или некаде околу 720 000 гласачи.

За четири дена истекува и рокот до кога кандидатите за претседател на државата ќе треба да се пријават во ДИК за ниванта кндидатура да биде и официјално потврдена два дена подоцна. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега