Иванов и амбасадорот Волерс на „Спортски бон-тон“ во Теарце

 

Шефот на македонската држава, Ѓорге Иванов заедно со амбасадорот на САД Пол Волерс присуствуваше на спортско-културната манифестација во адаптираната сала на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Теарце.

- Проектот „Спортски бон - тон“ продолжува со што им се дава можности за дружење на учениците од различни краеви на државата, но истовремено младите да научат како да постапуваат и како натпреварувачи и како гледачи и тоа да го применуваат во своите средини. Ова е можност за заемно запознавање на децата од различни општини бидејќи Теарце е одличен пример на соживот на различни етнички и верски заедници поради што денеска имаме и претставници и на верските заедници. Сакаме младите да ја запознаат сета различност во Македонија и да учат, да се почитуваат меѓусебе и разбираат и заедно да растат во еден поинаков амбиент што ќе им овозможи заемна комуникација, другарување и заедничко чуствување на сето она што го имаме како држава, рече претседателот Иванов, кој е и покровител на проектот.

Амбасадорот Волерс им се заблагодарам на претседателот Иванов, и градоначалникот на општина Теарце за напорната работа.

- Сметам дека тоа е вистински пример на спортско однесување и како младите да работат заедно. Американската амбасада со гордост го поддржува овој одличен проект на „Глобал“ низ цела Македонија преку кој се учи за спортското однесување, толеранцијата и како да се работи како тим и кај децата и во државата во целина, изјави Волерс.

 

30.09.2013 - 14:58

најчитано сега