Ново игралиште ќе никне во Зрновци

Продолжува проектот на македонската Влада за изградба на „100 повеќенаменски спортски игралишта“. Започна да се гради игралиштето во Општина Зрновци кое се очекува да биде готово во период од еден месец.

- Започнавме со изградбата на повеќенаменското игралиште за мал фудбал, кошарка и ракомет, добиено преку Агенцијата за млади и спорт. Очекувам работите да бидат завршени за еден месец кога и се очекува игралиштето да биде предадено во употреба, изјави Блаже Станков, градоначалникот на Зрновци.

Инаку, игралиштето се гради на површина од 1.100 метри кавдартни. 

За новото игралиште кое ќе никне во Зрновци се издвоени 6 милиони денари.

30.09.2013 - 13:35
Фото: 
Денешен