Македонија ќе соработува со професори-археолози од Оксфорд

Денеска во посета на Македонија се  тројца професори од Катедрата за археологија при Универзитетот од Оксфорд со цел подобро да се запознаат со македонското културно богатство.

- Од денешниот состанок донесовме програма со акциски план која во следниот период ќе ја доразработиме. Нотиравме неколку цели-воспоставување културна соработка со Ашмодијан музејот кој е во рамки на Универзитетот од Оксфорд. Тие ќе ни помогнат во иднина да склучиме Меморандум за соработка и со Музејот од Лондон, истакна директорката на Археолошкиот музеј на Македонија, Весела Честоева.

Според проф. д-р Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство македонската архелогија добива моќен сојузник, Универзитетот од Оксфорд.

- Во новиот Археолошки музеј остваривме средба, на која присуствуваа директорката Честоева, професорите од Филозофскиот факултет, од Институтот за историја на уметност и архелогија и јас, како претставник на Управата за заштита на културното наследство. Зборувавме за едукација, соработка меѓу Оксфорд и УКИМ, размена на студенти, практична работа на терени, стекнување искуства, можност за праќање наши студенти на постдипломски и докторски студии во Оксфорд. Исто така зборуваме и за развој на геоскенирањето на археолошките локалитети и за развој на археолошките лабораториски анализи, истакна Лилчиќ.

Славица Трајковска Вејт, директорка на меѓународната британска археолошка фондација „Кирил Трајковски“ изјави дека се формирани во сеќавање на нејзиниот брат Кирил Трајковски, кој почина минатата година.

- Ние обезбедивме тројца реномирани професори од универзитетот од Оксфорд, кои се во Македонија четири дена. Ги посетуваме археолошките места во Македонија и имаме состанок со претставници од новиот Архелошки музеј на Македонија, на кои им треба совет или помош. Ние можеме тоа да го обезбедиме. Разговаравме со професорите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со кои имаме намера да соработуваме, рече Трајковска Вејт.

30.09.2013 - 13:14

најчитано сега