Откриен е лек против ракот на кожа?

Докторите се убедени дека пронашле лек за ракот на кожа. Како што пишува Дејли Меил, откриен е лек кој веќе е наречен "спектакуларен", кој досега покажал одлични резултати кај лицата кои имаат рак на кожа, дури и кај оние кај кои ракот е во понапредна фаза.

Научниците веруваат дека овој лек ќе даде позитивен резултат и кај другите типови на рак. Засега од оваа болест се излечени еден од шест пациенти, но докторите веруваат дека со новиот лек ќе се зголеми бројката на излечени лица.

Инаку, ракот на кожата е чест облик на рак, а она што е карактеристично за него е дека најчесто се открива во поразвиена фаза, поради што пациентите не можат да се спасат. 

30.09.2013 - 12:47
Фото: 
Идивиди

најчитано сега