Донација за ЕХО-собата на Клиниката за детски болести во Скопје

Клиниката за детски болести во Скопје ќе добие нова донација. Се работи за  донација на Техномаркет со која што до крајот на годинава најголемиот синџир на продавници за бела техника и апарати за домаќинство ќе издвојува дел од својот месечен промет за нова опрема и материјали за клиниката.

Маркетинг-менаџерот на компанијата Марија Ристовска на денешното најавување на донацијата рече дека таа претставува неколкумесечен проект преку кој одлучиле да им се даде можност на нивните потрошувачи да бидат директни учесници во донацијата.

- Со купување на кој било производ Техномаркет реши да издвои средства со кои пред крајот на годинава ќе се донираат материјали и опрема кои се потребни за опремување на ЕХО-собата на Клиниката. Тоа нема да го оптерети буџетот на потрошувачите, туку ќе биде вкалкулирано во цената, истакна Ристовска.

Шефот на Кардиолошкото одделение на Детската клиника д-р Розана Кацарска се заблагодари за донацијата.

30.09.2013 - 11:34
Фото: 
Евести