Бесплатен паркинг во Скопје по 21 часот

Од Јавното Претпријатие Градски Паркинг- Скопје информираат дека стартува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Ј.П Градски Паркинг- Скопје.

Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:

- Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;

- Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.

Во јавната површина наменета за паркирање зона Д работното време ќе биде:

- Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

30.09.2013 - 10:17