Граѓаните од Кисела Вода ќе уживаат во звуците на Шопен
Денекса попланево во паркот „Шопен“ во Кисела Вода граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на вонвременската шопенова музика за пијано. Музиката на Шопен ќе свири во комбинација со уникатен ритмички осет, а концерото ќе го одржат
студентите од МБУЦ „Илија Николовски-Луј“.
Токму на тригодишнината од пуштањето на паркот „Шопен“ ќе се одржи ваквиот настан. На настанот ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и претставници на Амбасадата на Република Полска во Република Македонија.
29.09.2013 - 11:07