СДСМ: Дали братучедот на Груевски се збогатил за една милијарда евра?
И одново ги прашуваме ВМРО ДПМНЕ:
Не е ли непотизам и судир на интереси назначувањето на првите братучеди и кумот на премиерот Груевски за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија, преседан незабележан во поновата политичка историја на Европа?
Дали Сашо Мијалков,братучедот на Никола Груевски се стекнал со фантастични една милијарда евра?
Како Гордана Јанкулоска,Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати?
Дали Груевски, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во којашто, во последниве 7 години, се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови?
На темата чест и морал, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е подготвен на директно телевизиско соочување со Никола Груевски, кога премиерот ќе собере храброст за ваков јавен настап.
(Интегрален текст од реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Иво ИВановски, ВМРО-ДПМНЕ)