СДСМ им го честита празникот на Бошњаците

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, припадници на бошњачката заедница.

-Дозволете ми во лично име и од името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 септември, на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија да им го честитам овој голем ден со искрени желби за успешно промовирање, негување и ширење на бошњачката култура и традиција во Република Македонија. Бошњаците имаат значаен придонес во градењето на македонската држава и во негувањето на различностите и меѓуетничката толеранција во нашето општество преку промовирањето на сопствените културни вредности. Со заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи даваме пример на нашите деца и праќаме порака за почитување и соживот во Република Македонија. Во оваа прилика сакам уште еднаш да ги повторам моите искрени желби за добро здравје, меѓусебно почитување и разбирање, мир и општа благосостојба на сите граѓани на Република Македонија, стои во честитката на Зоран Заев.

28.09.2013 - 11:36

најчитано сега