Од денеска полицајците ќе се возат во „Шевролет Спарк“

МВР денеска ќе ги промовира новите 100 полициски возила „Шевролет спарк“  од добавувачот „Авто Македонија“.

Возилата, со комплетна полициска опрема (односно четири резервни гуми, сигнален уред за звучна и светлосна сигнализација, како и сервисирање на возилата за наредните три години додека трае договорот), чинеа 45.353.800 денари.

Новите автомобили главно ќе бидат распоредени во Секторите за внатрешни работи. 

28.09.2013 - 10:27

најчитано сега