Каква зима ја очекува Македонија

Нема простор за паника дека зимата која претстои ќе биде најладна во минатите 100 години.

Ова за Сител го потврдуваат домашни експерти кои целиот живот го посветиле на изучување на климатските промени во светот.

Како и секоја така и оваа есен неколку руски и германски експерти предвидуваат екстремно ниски зимски температури.

Но познавачите на оваа област ја демантираат веста, тврдејќи дека е речиси невозможно да се предвиди каква ќе биде зимата.

Студените маси во Европа можат да бидат екстремни во северните делови, но како што одат кон јужните земји нивната моќ опаѓа, тврдат експертите

Со цел набљудување на климата и предвидување на временските состојби Светската метеоролошка организација го формираше проектот сикоФ во кој влегуваат сите балкански земји, Турција и Израел.

27.09.2013 - 21:09

најчитано сега