Спасовски: Ќе се расчистува со криминалот дури и ако е внатре во коалицијата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најавува дека со криминалот ќе се расчистува независно дали е тој и во владините редови.

-Владата нема интерес да не расчисти со криминалот, дури и кога станува збор за коалицискиот партнер ДУИ, изјави Спасовски во интервју за емисијата Отворено на 1Тв. Спасовски не верува дека која било партија се плаши од расчистување со криминалот, дури и во своите редови, затоа што така се јакне демократијата во самите партии и се зголемува довербата кај граѓаните.

Додаде и дека ќе има одговорност за бегтството на Груевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2019 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега