Крвав инцидент во средното училиште во Драчево: Ученик прободен со нож
Околу 09.20 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на улицата Китка во близина на Државното средно училиште „Браќа Миладиновци“ во населба Драчево настанала физичка пресметка меѓу ученици.
17-годишниот А..Б. од селото Вражале со нож му нанел повреда на Р.Д.(18) од село Батинци, скопско. Р.Д. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а на А.Б. му била укажана помош во ЈЗУ Амбуланта Драчево. А.Б. е приведен во полициска станица, а повикани се и пет други ученици кои учествувале во физичката пресметка.
По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа