Филмска бркотница во Тетово: Додека бегале од полицијата фрлале дрога по патот
Околу 19.00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, преземајќи оперативни активности, во село Доброште, тетовско, забележале паркирано патничко моторно возило „Фиат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се наоѓале Н.М.(28) и А.И.(19) од Жилче., па се случила филмска бркотница.
До возилото најпрвин се доближило непознато лице, а потоа веднаш се дало во бегство и бегајќи фрлило кесички со марихуана, кои се пронајдени и подигнати за вештачење. Двете лица во возилото се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а од слобода е лишен и Х.С.(54) од Доброште, кој ги попречувал полициските службеници во вршење на дејствијата.
По расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа