Пресврт во инцидентот во Шутка - МВР тврди нешто сосема друго од жителите

Вистинска драма се одвиваше синоќа во населбата Шуто Оризари каде граѓани претепале полицајци кои не биле на должност, за кои мислеле дека се киднапери.

Лица со автомобил без регистрации  пристигнале во општината. Неофицијално, биле препознаени од еден жител кој пред некој ден буквално од нивни раце го земал детето на неговите соседи. Откако помислил дека ги препознал, почнал да вика и огромен број на жители се собрале веднаш околу осомничените, дознава КУРИР. Првиот дел полицајци, не биле доволни да се справат со испаничените и револтирани родители, па дошло засилување.

Од МВР со поинакво тврдење:

- Околу 17:20 часот на улицата Индира Ганди во Шуто Оризари малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Таа тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од Полицијата Чаир, кои не биле на работа, велат  од полицијата за Курир.

Додаваат дека насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување на лекарска помош. До овој момент нема пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за КУРИР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2019 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега