Состојбата алармантна - уште две лица каснатаи од кучиња скитници
Проблемот со кучиња скитници во Македонија станува се поголем и поголем, пријавени два нови случаи.
Во 09:35 час во Полициска станица Кичево, 68-годишниот С.С. од село Другово, кичевско пријавил дека околу 8 часот во село Другово движејќи се по улица „Илинденска” бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.
Исто така, вчера во Полициска станица Радовиш, 55-годишната В.Ј од Радовиш пријавила дека истиот ден околу 13.30 часот на улица „Михајло Апостолски” во Радовиш движејки се по улицата ја нападнале две кучиња скитници и ја каснале во пределот на левата нога.
27.01.2019 - 10:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа