Карамбол на улица во Сарај: Двегодишно дете итно на Клиника

Околу 17.25 часот во село Сарај, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот О.С. од село Арнакија, скопско, патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетoвски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(31) од село Нераште, тетовско и патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(46) од село Грчец, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило двегодишно девојче од село Нераште -сопатничка во возилото „Голф “ со тетовски ознаки. Било пренесено на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле и возачот на возилото „Голф“ со тетовски ознаки и сопатниците – тригодишно дете и С.И.(21), сите од село Нераште.

По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување. Извршен е увид на местото.  

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2019 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега