Кумановец на Фејсбук повикувал на насилство кон пратеници

 Полицијата поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од кумановското село Агино Село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „загрозување на сигурноста“.

Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, на негов профил на социјалната мрежа фејсбук објавил текст со заканувачка содржина со кој повикувал на насилство кон пратеници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2019 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега