Директорот на Музејот на македонската борба на форум во Кина

Од вчера директорот на Музејот на македонската борба, Бранислав Светозаревиќ, учествува на Културната сесија на Петтиот евроазиски економски форум во Кина.

Светозаревиќ како претставник на Македонија, учествува во работата на Форумот на директори на музеи со свое излагање на темата „Улогата на музеите во едукација на јавноста“. При своето обраќање директорот на Музејот на македонската борба ќе се осврне на музејската едукација на Музејот на македонската борба со учениците од основните училишта. 

Форумот на директори на музеи е платформа за унапредување и продлабочување на културната размена и соработка меѓу Кина и земјите од Европа и од Азија. 

Инаку, Светозаревиќ на овој форум учествува на покана од страна на Министерството за култура на Народна Република Кина. Форумот започна вчера, а завршува за два дена.

27.09.2013 - 11:01
Фото: 
Кајгана

најчитано сега