Воен авион се урна во населено место: Над 40 загинати

 

Најмалку 49 лица загинаа кога судански воен авион се урна во градот Омдурман, соопштија денеска воените и здравствените власти.

Авионот Антонов се урна вчера по полетувањето од воената воздухопловна база Вади Саидна, северно од Омдурман, соопшти војската.

Воените власти соопштија дека во несреќата загинале војници и цивили, додека неименувани воени извори велат дека причината за несреќата најверојатно е технички проблем, пренесе Ројтерс.

Министерството за здравство додаде дека телата на починатите се пренесени во болницата Нау во Омдурман. Болницата примила и десет повредени цивили. Министерството соопшти дека авионот се урнал во цивилна куќа во областа Карари во Омдурман.

 
26.02.2025 - 11:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега