ФОТО: Успешно оперирано коленото на Миркуловски

Прочуениот хирург доктор Шенк синоќа во австрискиот град Шрунс, успешно го оперираше македонскиот ракометен репрезентативец Миркуловски. Шенк е познат по операциите на познати спортисти, а пред седум години ја оперираше и тогашната светска првенка во скијање Јаница Костелиќ. 

Операцијата врз македонскиот ракометар е успешна, а рехабилитацијата ќе трае околу два месеца.

- Операцијата помина во најдобар ред и јас се чувствувам добро. На терен ќе се вратам за 6 до 8 седмици, изјави Миркуловски за веб страната на Металург.

Македонскиот вицепрвак утре од 18 часот го игра натпреварот од 2.коло во Лигата на шампионите против тимот на ПСЖ, а Миркуловски и да беше здрав немаше да има право на настап на овој меч поради казната добиена од ЕХФ за црвениот картон на дуелот со Тун.

ФОТО: rkmetalurg.mk

27.09.2013 - 10:55

најчитано сега