Стартува бербата на познатите ресенски јаболки
Денеска во Ресен стартува традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ со која се означува почетокот на берба на јаболкото.
Манифестацијата ќе се одржи на овошниот насад на Агроплод. На откинувањето на првото јаболко ќе присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
„Преспанскиот јаболкобер“ традиционално се одржува секоја година на празникот Крстовден.
27.09.2013 - 08:33