Избегал Никола Војминовски, осуден за нападот врз Села?

Осудениот Никола Војминовски на 13 години затвор за нападот над пратеникот Зијадин Села не бил пронајден дома, по рутинската контрола на полицијата, дознала Алсат-М. Иако осуден првостепено, нему му беше одреден куќен притвор до правосилност на пресудата.

Кривичниот суд денеска ниту ја демантира, ниту ја потврдува информацијата дека осудениот Војминовски избегал. Го проверувале случајот, па најавија официјално известување.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2019 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега