Османи: Од вечерва албанскиот јазик е службен во Македонија

Вицепремиерот Бујар Османи во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека Талат Џафери пред 10 минути го потпишал Законот за јазици и очекуваме вечерва или утре да се објави во Службен весник.

Со ова албанскиот јазик станува службен јазик во Македонија. Тоа значи дека, албанскиот јазик ќе се употребува како втор официјален јазик во Македонија.

Бујар Османи за ТВ21 вели дека од утре спикерот Талат Џафери седниците кои се одржуваат во Собранието може да ги води на албански јазик.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2019 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега