Москва: Преименувањето на Република Македонија да го разгледа Советот за безбедност на ОН

 Одлуката на Собранието на Македонија, која гласаше за преименување на земјата, се наметнува однадвор и не ја одразува волјата на народот. Ова се наведува во официјалниот став на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација соопштен денеска.

Официјална Москва смета дека прашањето за преименувањето на Република Македонија, кое помина со усвојувањето на измените на Уставот во македонскиот Парламент, треба да се најде на разгледување пред Советот за безбедност на ОН.

- Ставот на Руската Федерација во врска со проблемот за името на македонската држава останува непромет – одржливо решение мора да биде најдено без надворешен притисок, наметнување рокови и услови од надвор и врз основа на широка јавна поддршка и во Република Македонија и во Грција и исклучително во рамки на законот. Ние сметаме дека ова прашање би требало да биде разгледано од Советот за безбедност на ОН согласно параграфот 3 од Резолуцијата 845 на СБ на ОН, стои во соопштението од руското МНР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2019 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега