По циклонот Невен следува промена на времето - метеоролозите со нови најави
Оваа ноќ сеуште ќе провејува слаб локален снег додека утре рано наутро и претпладнето облачноста ќе започне да се намалува, информира метеорологот Славчо Попоски.
Ќе биде многу студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени додека на планинските места истите ќе се спуштаат и под -10 степени, студен но претежно сончев ќе биде утрешниот ден со мала облачност додека максимумот на температурите ќе се искачува во интервал од -2 до 7 степени.
Исто така многу студено утро очекуваме и во четврток со минимални температури од -10 до -1 додека повторно на планинските места истите е можно да се спуштат под -10 степени.
Веќе од утре следува период на постабилно и посуво време со постепен пораст на температурите особено од четврток па натаму.
По одделни котлини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа