Хрватскиот долг до карјот на годината ќе достигне до 25 милијарди евра

Денеска хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изјави дека долгот на Хравтска до крајот на годината ќе достигне  до 25 милијарди евра

- Зголемувањето на државниот долг до 190 милијарди куни предизвикува загриженост, но тоа е неопходна мерка. Ние сме принудени да земеме дополнителни заеми за сервисирање на надворешниот долг на републиката, изјави Милановиќ.

Тој додаде дека минатата година државниот долг на Хрватска се зголемил за 2,9 милијарди евра, а половина од овие средства се нови кредити за бродоградителските претпријатија.

И покрај пристапувањето во Европската унија, хрватската  економија се уште се наоѓа во тешка состојба.

Бројот на невработени во Хрватска достигна до 313 илјади, што претставува 18 отсто од работоспособното население .

Бруто домашниот производ во првата половина од годината е намален за 0,7 проценти во споредба со истиот период минатата година, додека пак индустриското производство во јули е намалено за 4,1 отсто во споредба со јули 2012 година.

25.09.2013 - 10:54

најчитано сега