Девојката на Берлускони сака да се венча со него

28-годишната девојка Франческа Паскале на поранешниот италјански премиер сака да се омажи со него.

Поранешниот премиер кој оваа недела ќе наполни 77 години, се разведува ос двојата жена Вероника ларио со која има три деца.

„Бев малолетна кога сватив дека многу ми се допаѓа“, рече Паскале за весникот  Vanity Fair.

„Го поканив да излеземе, му се додворував, постигнав да се заљуби во мене и на крајот станав негова девојка. Всушност, сè направив сама и сега преостанува само да ми одговори ’да’“, рече Франческа.

Девојката открива дека Берлускони го запознала кога имала 21 година. Била коосновач на клубот кој работел под назив „Силвио, ни недостасуваш“, откако го загуби премиерското место во 2006 година.

„Веднаш го прашав дали можам да му го дадам бројот на мојот телефон и го побарав неговиот, на што ми одговори :Бескруполозна си!“, вели Паскале.

25.09.2013 - 10:34

најчитано сега