Хорор во струмичко: Син ги претепал родителите
Вчера во 17.40 часот полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 50 годишен жител на струмичко село кој околу 16.00 часот во неговиот семеен дом физички ги нападнал неговите родители, нанесувајќи им телесни повреди.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
18.01.2025 - 15:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа