Најголем производител на кока во светот е Перу

 

Како што се наведуваво анализата на ОН, Перу ја замени Колумбија на позицијата најголем производител на кока во светот.

Во извештајот на Службата за наркотици и криминал на ОН, во текот на минатата година насадите од кока во Перу заземале површина од 60.400 хектари, што е за 20 проценти повеќе отколку во Колумбија.

Сите напори за уништување на насадите на ова растение  во Колумбија помогнале во намалување за 25 проценти на површините на кои се одгледува коката, сведувајќи ја на 48.000 хектари во текот на 2012 година.

Сепак во текот на 2012 година во Перу првпат во последните седум години запрело зголемувањето на површините што се зафатени со насади од ова растение, што се користи за производство на кокаин. Во минатата година тие биле за 3,4 проценти помали, отколку во 2011 година.

25.09.2013 - 09:35

најчитано сега