Бенедикт 16 негира дека прикривал злоставување на деца
Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти ги негираше обвинувањата за прикривање на наводното сексуалното злоставување деца што го извршиле римокатолички свештеници.
Коментар од ваков тип папата објави првпат објави после неговото повлекување од должноста.
Писмото од 11 страници Бендеикт го упати до италијанскиот писател и математичар Пјерџорџо Одифреди, кој напиша книга за проблемите со кои е соочена Римокатоличката црква.
Дел од писмото на поранешниот папа објавени се во весникот „Ла Република“ со дозвола на Бенедикт.
Група жртви на злоставувањето го обвинија Бенедикт дека не сторил доволно да ја запре појавата додека бил папа.
24.09.2013 - 16:36