Кили итно пренесен во болница

 

Македонскиот актер Кирил Поп -Христов итно бил пренесен на клиника поради влошена здравствена состојба. Како што јавува Алфа, адвокатите неколку пати го алармирале судот и затворските власти дека здравјето на актерот е загрозено и дека нема услови да се лекува во притворот.

Пред да го притворат за производство на дрога, Кили имал упат од лекар да го оперира туморот на грбот, па затоа адвокатот бара актерот  да остане во болница за да му се пружи соодветна помош.

Инаку, актерот Кили беше уапсен заедно со неговиот брат поради нелегално поседување на дрога. во викенд куќата на актерот во селото Визбегово при извршен претресво подрумот од куќата во две специјално подготвени и опремени простории пронајдени се 25 саксии со стебла канабис сатива во висина од 0,7 м до 1 м, 33 саксии со стебла во висина од 2 см до 30 см, 2 саксии со овенати стебла, еден пластичен сад во кој има електричен систем за наводнување и 20 (дваесет) стебла во големина од околу 10 см, рефлектори, термостат, приклучоци за струја, продолжни кабли, вентилатори...Пронајдени се и хемиски препарати и адитиви за прихрана, растење и одгледување на растенија и повеќе паковања со семки од растението “Canabis Sativa“. Во временски период од околу шест месеци пријавените редовно ги надгледувале при тоа управувајќи со системите за вентилација, осветлување, затоплување и регулирање на температурата, ги полевале со вода како и ги потхранувале со хемиски препарати и адитиви, со намера откако растенијата ќе достигнат одредена големина, разгранетост како и откако ќе расцветаат, истите да ги оберат листовите и цветовите од растението “Canabis Sativa“, да ги исушат и произведат наркотична дрога марихуана.

 

24.09.2013 - 16:29
Фото: 
Кајгана

најчитано сега