Странци масовно купуваат имоти во Грција

 

Откако властите во Атина го донесоа законот за издавање визи за престој во земјата со рок на важност до пет години на лица што поседуваат недвижности на грчка територија, државјани на земји што не се членки на ЕУ масовно купуваат имоти во Грција.

Со воведувањето на овие визи ќе настанат суштински промени на грчкиот пазар за недвижности, бидејќи сега илјадници куќи и станови може да станат сопственост на странци, тврди атинскиот весник „Имерсија“.

Согласно со овој законот, странци кои на територијата на Грција поседуваат или се во фаза на стекнување на недвижен имот во вредност од над 250.000 евра, имаат право да добијат визи за петгодишен престој во земјата.

 Првите визи за петгодишен престој веќе им се издадени на државјани на Русија, Украина, САД, Канада и Кина, кои поседуваат имот во Грција. Врз основа на сопственост на имот барање за визи доставиле и државјани на Индија, Египет и Либан.

24.09.2013 - 16:30

најчитано сега