Турската полиција заплени четири тони хашиш
Турската полиција денеска спроведе голема полициска акција против лица, осомничени за производство и трговија со наркотици со цел за финансирање на терористички активности, објави весникот „Сабах“.
Акцијата во која учествувале командоси, поддржани од воени хеликоптери, беспилотни летала и оклопни возила, е спроведена во шумскиот регион околу селата Ортач и Алаза, во близина на градот Лиџе.
Во акцијата се запленети околу четири тони хашиш.
24.09.2013 - 16:24