По 70 години добила писмо од својот татко

 

Американката Пеги Смит доживеала огромно изненадување откако  на нејзината адреса стигнало писмо од нејзиниот татко испратено пред  70 години.

Таа била родена неколку месеци пред нејзиниот татко Џон Едингтон да загине во Втората светска војна и никогаш не го видела.

Пред да загине Џин и напишал писмо од три страни на ќерка си, што сепак не дошло до примачот. Пред  14 години жителка на Мисури го нашла писмото, додека ја чистела куќата на свои роднини.

Не е познато како писмото се стигнало до таа куќа , но се знае само дека пред да замине во војна, тој живеел во Мисури.

 

Во писмото Едингтон пишува дека ја сака неговата ќерка и нејзината мајка. Едингтон-Смит, која сега е 69-годишна жена, рече дека откако го прочита писмото, се чувствува поблиску до својот татко.

24.09.2013 - 15:47

најчитано сега