Ник Картер: Не бев на погребот на сестра ми зошто семејството мене ме обвинува за нејзината смрт!
Поранешната тинејџерска ѕвезда Ник Картер си ја отвори душата и откри во јавноста за најголемата трагедија во животот.
33- годишниот Ник во шоуто на Dr. Phil ја промовирал неговата книга „Facing The Music And Living To Talk About It“ и открил зошто не присуствувал на погребот на својата сестра која минатата година се предозираше.
„Не отидов на погребот на сестра ми затоа што мене семејството ме обинува за нејзината смрт. Секогаш го сакав најдоброто за сестра ми, а кога се случи тоа легнав на подот под тушот и седев таму со часови скршен бидејќи сакав многу да присуствувам на погребот. Тоа беше многу тежок период во мојот живот - изјавил Ник со солзи во очите
Погледнете го видеово..
24.09.2013 - 15:22