Месечен додаток од 4.000 денари за глувонемите лица

 

Од први јануари наредната година глувонемите лица ќе добиваат додаток во висина од 4.000 денари.

Ова пред околу една недела го најави претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски: -Се воведува додаток за целосно глувонеми лица во износ од 4.000 денари месечно, со почеток од 1-ви јануари 2014 година, посочи премиерот.

Исто така, Груевски најави и дека е планирано зголемување на пензиите, зголемување на социјалната помош и на платите на јавната администрација за 5 отсто, како и 50 отсто зголемување на придонесот на самохрани родители кои имаат деца со пречки во развојот.

Најавено е и зголемување на додатокот за мобилност кој ќе изнесува 7.000 денари месечно.

 

24.09.2013 - 14:52

најчитано сега