На власта и фали документ за да му го одземе имунитетот на Груевски

 

Повеќе од 1 час доцни седницата на комисијата за мандатно имунитетни прашања на кој треба да се донесе одлука за одземање на имунитетот на екс премиерот Груевски.

Според информациите од пратениците од власта фали едно од 6-те барања на судот за почеток на постапката.

Во салата 4 во законодавниот дом во моментов се присутни само пратениците од власта. Од ВМРО-ДПМНЕ се уште не е дојден никој. Согласно Деловникот доколку комисијата за мандатно имунитетни прашања денеска донесе одлука за одземање на имунитетот, што е извесно со оглед на распоредот на силите, тогаш Џафери на следната седница ќе ја стави на одлучување пред пратениците. За одземање на имунитетот потребно е апсолутно мнозинство од 61 пратеник.

Собранието имаше обид да го одземе и мандатот на Груевски, но власта не собра 2/3 мнозинство. Груевски побегна во Унгарија каде доби политички азил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2018 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега