Хилари Клинтон ќе се кандидира за претседател?

Поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон, не ја исклучува можноста да се кандидира за американски претседател на изборите во 2016 година, но наведе дека оваа „сериозна одлука нема да ја донесе толку лесно и брзо“.

„Ја разгледувам одлуката за кандидирање за претседател, но не брзам со неа“, изјави Клинтон, додавајќи дека има уште време.

И покрај ова многумина нејзини соработници заклучуваат дека таа веќе е во кампања.

„Јас сум прагматична и реална. Мислам дека знам со кој предизвик се соочуваат нашите лидери и ќе направам се, без разлика на која позиција ќе бидам, да се борам за вредностите и политиката за кои верувам дека се исправни за нашата земја“, порача Клинтон.

 

Како и да е Хилари Клинтон важи за главен фаворит за кандидат на Демократската партија на претседателските избори во САД во 2016 година.

23.09.2013 - 12:09

најчитано сега