Карачиќ најдобар среден бек во првото коло од Лигата на шампионите

Нерешениот резултат во  првото коло од Лигата на шампионите на Вардар против Барселона и добрата игра не останаа незабележани.

Средниот бек на Вардар, Игор Карачиќ е избран на позицијата среден бек во тимот на колото според „ЕХВ ТВ“, а покрај него најдобрата седморка ја сочинуваат:

лево крило - Мануел Штрлек (Киелце);

лев бек - Клементе Цехте (Горење),

десен бек - Холгер Гландорф (Флензбург);

десно крило - Лук Абало (ПСЖ);

пивот - Бјарте Мирхол (Рајн Некар Ловен) и

голман - Димитрије Пејановиќ (Динамо Минск).

 Најдобрата одбрана на колото е на новиот голман на Вардар, Инаку Малумбрес.

23.09.2013 - 10:12
Фото: 
спорт.ба