Лекови не ви требаат: Пробајте го овој напиток и главоболката ќе исчезне како на шега

 

Ви нудиме неколку природни совети како на природен начин да се ослободите од мигрената, која може да биде од корист за оние кои се будат со страшни главоболки.

„Едно утро се разбудив со ужасна мигрена, се обложувам дека знаете какво е тоа чувство. Мислев дека мојата глава ќе експлодира секој момент. Не можев да се помрднам. Болката беше страшна. Но не конзумирав никакви лекови за болка, иако знаев дека ќе ми помогнат. Многу лесно е да земете таблети против болки, но овие лекови го оштетуваат мозокот“.

Сигурно често сте слушнале за овие зборови.

Треба да се преземе нешто со мигрената, бидејќи состојбата е неподнослива.

Користете ладни облоги против главоболка

Ова би можело да биде првото и наједноставно нешто што можете да го направите за да ја ублажите главоболката. Ставете мека крпа, потопена во ладна вода, на челото. Ова ќе им помогне на крвните садови да се соберат. Периодично повторно освежете ја крпата со ладна вода. Ако сакате повеќе време крпата да остане ладна, ставете неколку влажни крпи во пластични кеси и оставете ги во замрзнувач за 30 минути, а потоа користете ги една по друга. Ако имате ќеси со замрзнато овошје или зеленчук во замрзнувач, замотајте ги со крпа и ги користете.

За да ја намалите главоболката, натопете ги нозете во топла вода

Тоа е чуден совет, но е докажано дека када со топла вода, во која ќе се стават нозете, ќе ви помогне да се чувствувате подобро, што се однесува до главоболка. Ова го намалува крвотокот во главата. Ако додадете неколку ливчиња од роза и сол во водата со тоа уште повеќе ќе се намали болката, ако истата е навистина силна.

Чај од ѓумбир против главоболка

Направете си чај од ѓумбир (ставете 3 парчиња свеж корен од ѓумбир во топла вода). Направете инхалација од парата и правете гаргара. Тоа ќе има влијание врз главоболката по идентичен начин како и аспиринот. Ѓумбирот е крај и на маките.

Пораз на мигрената со свеж сок од лимон

Вториот природен пијалок кој е еден од најдобрите лекови за главоболка (секој ќе признае за тоа) е едноставен: свеж сок од лимон измешан со чај од камилица. Ова го намалува интезитетот на болката. Три до четири чаши на ден сок од лимон со чај од камилица се доволни за исчезнувањето на болката во главата.

Консумирање на бадеми против главоболка

Бадемите содржат салицин, кој се користи за производството на популарните лекови против болка. Зошто да пиете апчиња, кога би можеле да изедете една шака бадеми? Тоа е природен лек и целосна здрава алтернатива за да ја победите главоболката.

 

 

 

 

01.11.2018 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа